вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 138
home Регион

Србија досега вакцинираше половина милион жители- во соседството пристигнаа и 40.000 дози од вакцината Спутник V

Србија досега вакцинираше половина милион жители- во соседството пристигнаа и 40.000 дози од вакцината Спутник V

Во Србија досега се вакцинирани над 415.000 лица, најмногу со кинеската вакцина Синофарм, пристигна првата најавена пратка на 40.000 дози на Спутниковата вакцина, а по денешната седница на Кризниот штаб решено е да нема попуштање на досегашните епидемиолошки мерки, јави дописникот на МИА од Белград.

-Едногласно беше одлучено да нема попуштање на епидемиолошките мерки, но и се препорача вакцинираните корисници на домови за стари лицада да се дозволи да се посетуваат, во строго контролирани услови и со почитување на епидемиолошките мерки, изјави министерката и член на кризниот штаб Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Таа оцени дека во Србија е евидентирана постабилна состојба во последните неколку недели, но и да бројот на заразени и смртни случаи е се уште голем.

Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека досега се вакцинирани нешто повеќе од 415.000 лица и дека интересот на граѓаните е голем.

-Имавме три несакани, посериозни реакции на 415.000 вакцинирани, но во ниеден момент тие луѓе не беа животно загрозени. Тие беа хоспитализирани, под медицински опсервации и беа пуштени дома. Се работеше за еден хематом, за полесна форма на алергиска реакција и за едно воспаление на лимфните јазли, кажа Кисиќ Тепавчевиќ.

Утрово во Србија пристигнаа 40.000 дози на руската вакцина „Спутник V“ – 20 000 дози од првата и 20.000 дози од втората компонента на вакцината, изјави министерот за иновации, Ненад Поповиќ, кој додаде дека во текот на февруари и март се очекува да бидат изпорачани и други количини, од вкупно два милиони дози руска вакцина.

Тој исто така изјави дека на 11 февруари се очекува доаѓањето на руски експерти во Србија кои со српските експерти ќе разговараат за тоа што е можно побрзо да се започне со производство на руски вакцини во Србија.

ЕУРО 2020

Македонија