сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 55
home Регион

Србија доби уште половина милион кинески вакцини

Србија доби уште половина милион кинески вакцини

Нов контингент од половина милион дози кинески вакцини од компанијата Sinopharm пристигна синоќа во Србија.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и амбасадорката на Кина, Чен Бо, ја пречекаа пратката од Кина на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Брнабиќ ѝ се заблагодари на Кина за донацијата, како и за поддршката на Србија за време на борбата против коронавирусот.

„Денес, кога го дочекуваме овој контингент, значи дека имаме милион и пол вакцини Sinopharm“, рече Брнабиќ.

Чен Бо го пофали процесот на вакцинација во Србија.

ЕУРО 2020

Македонија