среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 167
home Регион

СПЦ објави: Се упокои патријархот Иринеј, наскоро детали за погребот

СПЦ објави: Се упокои патријархот Иринеј, наскоро детали за погребот

Во петок, 20 ноември 2020 година, во 7:07 часот во Воената ковид болница Карабурма во Белград се упокои во Господ неговата Светост Архиепископот пеќки, Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски г.Иринеј (Гавриловиќ), стои во објавата на страната на Српската православна црква.

Оттаму информираат дека за сите детали поврзани со погребот на патријархот Иринеј јавноста наскоро ќе биде информирана.

Патријархот Иринеј беше хоспитализиран на 5 ноември поради коронавирус откако неговата здравствена состојба се влошила. За неговиот живот се бореа руски и српски лекари.

Беше избран за патријарх на СПЦ на 22 јануари 2010 година.

Коронавирус