среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Спасувачка драма во Вуковар: Денис храбро влезе и ја извади Леа од смрзната река (ВИДЕО)

Спасувачка драма во Вуковар: Денис храбро влезе и ја извади Леа од смрзната река (ВИДЕО)

Пожарникарите од хрватскиот град Вуковар вчера во попладневните часови добиле необичен повик.

Загрижен сопственик, како што пишува 24 Сата, барал помош за спасување на неговата кучка Леа, која во игра со лебеди паднала во студената вода на смрзнатата река Вуца.

На снимката која синоќа ја објави сопственикот на Леа може да се види како вуковарските пожарникари во тешки услови организираа спасување на кучето кое беше заробено во ледената вода. Додека колегите го придржуваа со јажиња, пожарникарот Денис влезе во ризичен потфат. Легна на душек и лизгајќи се по мразот стигна до кучето кое, премрзнато, ја држеше само главата над водата.

– Оди десно, Денис, таму е подебел мразот- довикнуваа колегите пожарникари, додека тој внимателно се лизгаше по тенкиот мраз во реката.

Со внимателно движење се доближи до кучето и го повлече на душекот. Но, исплашеното животно повторно се лизна и падна во реката, па при повторното качување на душекот застана врз легнатиот Денис, а колегите внимателно почнаа да го извлекуваат со јажињата.

– Сакаше да си игра со лебедите на делот од Стара Вука. Но, лебедите одлетаа, а Леа не лета, изјави нејзиниот сопственик.

И нему не му беше лесно да ја гледа спасувачката драма на неговата кучка.

– Леа ја вдомивме пред четири години кога ја најдовме на улица. Имаше два месеца. Но, сето тоа е споредно, битно е дека храбрите момци спасија живот, иако е во прашање пес. И интервенираа многу брзо по мојот повик, рече Маринко, сопственикот на Леа.

 

Vatrogasci Vukovar, hvala na vasoj nesebicnosti

Gepostet von Marinko Ivičić am Samstag, 26. Januar 2019

Коронавирус