петок, 3. декември 2021. Вести денес: 161
home Регион

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Хиос- потона чамец со бегалци и мигранти

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Хиос- потона чамец со бегалци и мигранти

Во тек е голема спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во морскиот дел, југоисточно од островот Хиос, откако потона чамец со бегалци и мигранти, во кој според првичните информации на медиумите во Грција, се превезувале 27 лица, а спасени се 20, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми во спасувачката акција учествуваат три бродови, два на крајбрежната служба и еден на НАТО, хеликоптер супер пума, хеликоптер на грчката армија, три рибарски чамци и три бродови што се наоѓаат во близина.

Коронавирус