четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 98
home Регион

Состојбата во Хрватска сѐ уште не е стабилна – нема олеснување на епидемиолошките мерки

Состојбата во Хрватска сѐ уште не е стабилна – нема олеснување на епидемиолошките мерки

Епидемиолошката состојба во Хрватска е подобра, но тешко е да се каже дека состојбата со епидемијата е стабилна, изјави денеска шефот на Националниот штаб, министерот за полиција Давор Божиновиќ.

Божиновиќ на редовната прес-конференција рече дека се уште не може да зборува за евентуално олеснување на епидемиолошките мерки, но тие се проценуваат секој ден и се забележува нивниот ефект.

Коментирајќи ја можноста за укинување на мерките на локално ниво, Божиновиќ рече дека тоа засега не е можно, но оти локалните штабови можат да предложат само построги мерки.

Одговарајќи на прашањето за ковид-пасоши, Божиновиќ рече дека за нив официјално не се дискутира на ниво на ЕУ. (МИА)

Коронавирус