среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 152
home Регион

Состојбата со пожарите на Пељешац се уште критична

Состојбата со пожарите на Пељешац се уште критична

Состојбата на Пељешац, каде горат пожари кои ги гасат стотици пожарникари и припадници на армијата, е многу тешка, изјави потпретседателот на хрватската Влада Дамир Крстичевиќ.

– Ситуацијата на Пељешац е многу сложена, но мислам дека ќе ја ставиме под контрола, изјави Крстичевиќ за ХРТ, и за денеска свика итен состанок на дубровачко-неретванскиот жупаниски противпожарен штаб.

Поради силните ветрови кои дуваат во областа, канадерите вчера дури во доцните попладневни часови успеаја да се пробијат до пожарите и да им помогнат на пожарникарите на терен. Според последните информации, ветарот на Пељешац ја сменил насоката и се стравува дека пожарот би можел да тргне кон општината Трпањ.

На терен се 300 пожарникари со 50 возила и припадници на армијата, а денеска во Оребиќ пристигнуваат и дополнителни сили.

Крстичевиќ синоќа го посети и Сплит каде пламна пожар на врвот на Марјан, но половина час по дојавата беше ставен под контрола.

Коронавирус