четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 146
home Регион

Соседите очекувале трагедија: Ивица крвнички уби двајца, а сакал да го усмрти пола село

Соседите очекувале трагедија: Ивица крвнички уби двајца, а сакал да го усмрти пола село

Четириесет и пет годишниот Ивица Антуновиќ од Горњи Петровиќ, во Босна и Херцеговина, со нож ги убил двајцата свои први соседи, а после крвавиот поход избегал.

Уапсен е во блиската шума синоќа по полноќ.

Соседите во Горњи Петровац ноќта ја минале во страв, заклучени во своите домови, бидејќи се плашеле дека Ивица ќе го продолжи својот крвав поход.

-Дури кога полицијата ни соопшти дека е уапсен, излегов од дома. Тој  тероризираше со денови. Особено во вечерните часови, кога одеше по улица и фрлаше камења на куќите. Пред еден месец беше сместен во Клиниката за психијатриски болести, но е пуштен откако секој жив бегал од него, рекла сосетката на Ивица.

Се претпоставува дека Антуновиќ во понеделникот наумил да го убие секој кој ќе му се најде на патот. Прво ја видел Мара, а потоа и Илија кој го усмртил на селскиот пат.

„За среќа немал огнено оружје. Ќе го убиеше пола село“, велат огорчените и исплашени соседи.

Коронавирус