четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Сореца: За Албанија 180 милиони евра финансиска помош од ЕУ

Сореца: За Албанија 180 милиони евра финансиска помош од ЕУ

Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, преку објава на Фејсбук, информираше дека за Албанија е одобрена финансиска помош во износ од 180 милиони евра за борба против Ковид-19.

Сореца појаснува дека овие средства ќе придонесат за зајакнување на јавните финансии, зголемување на социјалната заштита и борба против корупцијата.

-Владата на Албанија ќе добие финансиска помош од 180 милиони евра обезбедена од Европската унија, како дел од поддршката во борбата против Ковид-19. Овие средства ќе придонесат за зајакнување на јавните финансии, зголемување на социјалната заштита и борба против корупцијата, напиша Сореца.

Во табелата која ја објавува Топ чанел телевизија, за Македонија се одобрени 160 милиони,за Косово 100 милиони, за Црна Гора 60 милиони евра. (MИА)

Коронавирус