среда, 26. јуни 2019. Вести денес: 62
home Регион

Сопругата на албанскиот претседател негира дека влијаела врз одлуката на Мета да ги одложи изборите

Сопругата на албанскиот претседател негира дека влијаела врз одлуката на Мета да ги одложи изборите

Лидерка на опозициското Социјалистичко движење за интеграција и сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, Моника Круемади негира дека влијаела врз одлуката тој да ги одложи локалните избори.

– Јас немам никакво влијаније врз тоа, бидејќи откако пред две недели отидов на операција во Италија воопшто не сме се сретнале. Дури не ме има прашано ни како сум,изјави Круемади.

Таа оценува дека не е важно дали изборите ќе се одржат или не и оти премиерот Еди Рама мора да замине, бидејќи е избран од организираниот криминал.Најавува дека протестите ќе продолжат и оти нема дијалог се додека тој е премиер.

-Мнозинството Албанци се против неговите дискриминаторски политики. Повеќе не може да ги заплашува Албанците ниту со политика, ниту со визи, ни со затвори, со ништо. Му кажувам на Рама дека е и татко, родителот за своите деца го жртвува и својот живот. Албанците немаат проблем за ништо. На Албанците треба да им се даде нова алтернатива,рече Круемади.

Сепак констатира дека кризата на крај ќе се реши.

Инаку, претседателот Мета синоќа кусо пред почетокот на протестот на обединетата опозиција соопшти дека го поништува указот со кој изборите ги закажа за 30 јуни.

Оваа одлука на Мета ја поздрави лидерот на Демократската партија Љуљизим Баша,но рече дека таа е само еден чекор напред во започната битка,која нема да престане се додека не си оди Рама не се формра предона влада.

Рама пак категоричен во својот став дека избори ќе има на 30 јуни,бидејќи „изборите не се ниту на претседателот,ниту пак на партиите“.