петок, 14. август 2020. Вести денес: 108
home Регион

Со специјален лет Словенците ќе се враќаат од Шпанија

Со специјален лет Словенците ќе се враќаат од Шпанија

Министерството за надворешни работи на Словенија објави дека во четврток со специјален лет ќе се вратат граѓаните кои се наоѓаат заглавени во Шпанија.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, на 26 март, после повеќе обиди и дипломатски напори, Словенците кои со денови се заглавени во Шпанија ќе можат да се вратат дома.

Преку медиумите се повикуваат граѓаните, доколку имаат некој што го познаваат, а се наоѓа во Шпанија и сака да се врати дома, да му ја пренесат информацијата за специјалниот лет.

Вакви слични летови државата организираше и изминатите денови при што повеќе Словенци кои беа на различни дестинации можеа да се вратат дома.

Коронавирус