недела, 9. август 2020. Вести денес: 76
home Регион

Со помош на куче трагач откриени се 70 килограми кокаин во контејнер со банани во Грција

Со помош на куче трагач откриени се 70 килограми кокаин во контејнер со банани во Грција

Царинските службеници од Независната управа за јавни приходи на Грција, со помош на рендген и куче трагач во контејнер со банани откриле и заплениле 70,5 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Атина.

Контејнерот што пристигнал од Јужна Америка, а бил наменет за земја од Западен Балкан, пријавил дека пренесува банани, но било одлучено рендгенски да се провери.

Откако системот открил сомнителен материјал, бил извршен и физички преглед со помош на кучето трагач Аксел и биле пронајдени 60 пакети кокаин, со вкупна тежина од 70,5 килограми.

Дрогата била внимателно скриени во контејнерот, во машините за ладење. (МИА)

Коронавирус