недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Снегот парализираше делови од Србија, илјадници без струја, турнати далеководи

Снегот парализираше делови од Србија, илјадници без струја, турнати далеководи

Машините за отстранување на снег пробуваат да ги пробијат дел од селата во Србија кои ги зафати снежна бура и останаа без електрична енергија во областа Ужице, пренесува ТВ21.

Утрово беа испратени 15 машини за чистење снег до сите села на платото Пештерска, без оглед дали патот е непрооден или не, вели претседателот на општина Сјеница, Муниб Мујдагиќ.

Мујдагиќ рече дека во некои делови на Пештера има покриено снег и до 30 сантиметри, но дека сите патишта ќе бидат проодни до крајот на денот.

Исто така, според податоците од теренот во областа Ужице, илјадници и илјадници луѓе се без струја утрово, а на теренот има бројни екипи на ЕПС кои се обидуваат да ги поправат дефектите.

Коронавирус