петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 73
home Регион

Случај кој ја тресе Црна Гора: Поради скандалот со замена на бебиња падна уште една оставка

Случај кој ја тресе Црна Гора: Поради скандалот со замена на бебиња падна уште една оставка

Маријана Богавац, главната сестра на Клиниката за гинекологија и акушерство на Клиничко- болничкиот центар во Црна Гора, поднесе оставка по скандалот со замена на бебиња.

Таа даде отказ поради смената на директорот Војислав Микетиќ и во знак на солидарност со колегите кои порано беа разрешени од своите работни места.

Менаџментот на Клиничкиот центар на Црна Гора , на 17 мај ја разреши началничката на одделението за новороденчиња Азра Беговиќ и главната сестра Анѓелка Дујовиќ, додека против медицинската сестра Ж.Р. поднесе кривична пријава поради сомнение дека во случајот со замената на бебињата се работи за саботажа, а не за случаен пропуст.

Инаку, во породилиштето во Клиничкиот центар на Црна Гора се случи досега невидена ситуација, со мајка беше пуштено туѓо бебе.

Откако го преземале бебето од бабицата и го напуштиле породилиштето, родилката и нејзиниот сопруг не помислувале дека детето не е нивно. Прв се посомневал таткото кој забележал дека бебето е премногу ситно. Кога стигнале дома, мајката го пресоблекла бебето и видела дека бројот на алката не е ист. Се вратиле во породилиштето каде во боксот ги чекало нивното бебе.

После тоа, менаџментот на Клиничкиот центар на Црна Гора покренал кривична постапка против медицинска сестра затоа што постојат основани сомненија дека се работи за саботажа, а не за случаен пропуст.

Исто така, поради ова разрешена од должност беше началничката и главната сестра на одделението и  против нив, како и против дежурниот лекар се покренати дисциплински постапки.

Потоа е сменет и директорот на Клиниката за гинекологија и акушерство, Војислав Микетиќ и долго не можела да се најде замена, затоа што никој не сакал да прифати така одговорна функција, посебно после овој немил настан.