вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Регион

Словенскиот министер Тонин им се извини за воените ветерани за изоставувањето од прославата на Денот на државноста

Словенскиот министер Тонин им се извини за воените ветерани за изоставувањето од прославата на Денот на државноста
Slovenija, Ljubljana, 26.06.2018, 26. junij 2018, Miro Cerar se je sestal s predsedniki parlamentarnih strank na temo migracij in prodaji NLB. politika, Janez Jansa, Marjan Sarec, Matej Tonin, Foto: Borut Zivulovic/BOBO

Словенечката Влада им се извини на воените ветерани бидејќи оваа година за првпат ги „заборави“ од прославата на Денот на државноста.

Министерот за одбрана Матеј Тонин лично на претставниците на Здружението на воени ветерани им кажа дека е направена грешка бидејќи не биле поканети да учествуваат во државната прослава на големиот празник.

– Сакам да се ви се извинам бидејќи бевте изоставени од овогодишната прослава, кажа Тонин на собирот по повод 30-годишнината од формирањето на Здружението на воени ветерани.

Инаку, со одлука на Владата овие здруженија и претставниците на борците ветерани од Втората светска војна ги изостави од организацијата на централната прослава на Денот на државноста која се одржа во Љубљана, по што следеа бурни реакции. (МИА)