петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 140
home Регион

Словенија прогласи епидемија поради коронавирусот

Словенија прогласи епидемија поради коронавирусот

Поради се поголемиот број заразени со коронавирус Словенија проглaсува епидемија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова на специјална прес конференција го објави премиерот Марјан Шарец, според кого ова е неопходна мерка имајќи во предвид што се случува во Словенија, но и соседните земји. И официјално до 9 часот утринава во земјата има 82 потврдени случаеви на коронавирус, што е за 26 повеќе од синоќа.

Здравствените власти во Словенија предвидуваат дека наредните денови и недели ќе има зголемување на бројот на заразени лица.

Објавено е дека ќе се активираат сите служби за цивилна заштита.

Дополнително, словенечката полиција почна да ги враќа и товарните возила кои доаѓаат од Италија, бидејќи соседна Хрватска не дозволува влез на овие камиони на нејзина територија, па затоа се создаде метеж на словенечка територија.

– Ќе помине извесно време за повторно да го вратиме животот како досега. Да ги оставиме да работат они кои знаат како да се справат со вирусот. Граѓаните да ги слушаат препораките на стручните лица, а не на некои интернет сајтови. Не смееме на никој начин да ги дискредитираме оние кои се заразени со коронавирусот, изјави Шарец.

Коронавирус