четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 148
home Регион

Словенија пред еден од најтоплиот Божиќ во последните 70 години

Словенија пред еден од најтоплиот Божиќ во последните 70 години

Граѓаните над Словенија се пред еден од најтоплиот Божиќ во последните 70 години. Според прогнозите на метеоролозите за време на празникот, на некои места во државата темературите ќе се искачат и до 14 степени, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според мерењата потопло во овој дел од годината беше само пред 10 години кога беа измерени 19 степени. Според истите податоци, температура на 10 степени за божиќните празници во Словенија се измерени во 1967, 1977, 1995, 1997, 2012, 2013, 2014 2015 и 2017 година.

Сепак, според најавите заладување ќе има во почетокот на јануари за кога е најавен пад на температурите до граница нормална за тој период од годината, а поради спуштање на влажна воздушна маса ќе има врнежи од снег.

Коронавирус