понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 153
home Регион

Словенија постави нов рекорд, со 1.503 случаи на коронавирус

Словенија постави нов рекорд, со 1.503 случаи на коронавирус

Од ден на ден се бележат рекордни бројки на новозаболени лица, кои се над 1400 во Словенија и Хрватска.

Денес, Србија, исто така, постави неславен рекорд со 512 случаи.

Словенија постави нов рекорд, со 1.503 случаи на коронавирус.

Воведени се нови ограничувања во Словенија. Покрај ноќните клубови, на кои не им е дозволено да работат од почетокот на епидемијата во пролетта, таа е проширена и во киносалите и културните институции, со исклучок на галерии, музеи, архиви и библиотеки.

Во вторникот беше воведен и полициски час во траење од 21 до 6 часот наутро.

Претходниот ден, во Хрватска беа регистрирани 1.424 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 11 лица починаа. Во моментот има 6.459 активни случаи во таа земја.

Мерките не се исти за сите општини и зависат од бројот на регистрирани случаи на инфекција.

Денес, Босна и Херцеговина пријави дури 922 нови случаи на инфекција, како и 14 смртни случаи.

Коронавирус