сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Словенија ќе испрати лекари во Италија

Словенија ќе испрати лекари во Италија

Словенија планира да испрати во Италија лекарски тим, кој ќе се вклучи во борбата против новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Девет доктори и три медицински сестри кои доброволно се пријавиле на повикот, чекаат да им биде определено кога ќе тргнет за соседна Италија. Тие се подготвени и опремини веднаш да им се стават на располагање на тамошните здравствени власти, кои речиси два месеци се справуваат со тешките последици од епидемијата.

Од Управата за цивилна заштита на Словенија објавија дека „во примерот со Италија се работи за прв случај на испраќање лекари во друга земја преку системот за цивилна заштита“.

Словенија во борбата со епидемијата, освен кинески заштитни маски не доби друга медицинска помош и со кризата се бори исклучиво со сопствени средства и човечки медицински потенцијал.

Коронавирус