петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 10
home Регион

Словенија би можела да испрати војска на границата со Хрватска

Словенија би можела да испрати војска на границата со Хрватска

Словенечката Влада не се откажува од предлогот да ангажира војска на границата со Хрватска, а доколку помине владиниот предлог за измена на Законот за одбрана, на границата би можеле да се најдат и до 2.000 војници, пишува порталот „Гласот на Истра“.

– Станува збор за 180 војници кои ја контролираат границата во две смени. Доколку биде изгласан предлогот на словенечката Влада, тогаш на границата со Хрватска би можеле да бидат и до 2.000 војници кои патролираат самостојно, наведува порталот.

Тоа би можело да се случи доколку изменетиот Закон за одбрана добие мнозинство во Парламентот.

Првиот обид на Владата да го измени тој закон не помина во Комисијата за одбрана, кога за него гласаа 11 од 19 членови, а било потребно двотретинско мнозинство.

Законот за одбрана, донесен во времето на мигрантската криза, подразбира дека војската на границата добива полициски овластувања. (МИА)

Коронавирус