четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 43
home Регион

Словенечките екологисти протестираа пред Собранието

Словенечките екологисти протестираа пред Собранието

Неколку стотина граѓани и членови на невладини еколошки здруженија протестираа пред словенечкото Собрание, бидејќи сметаат дека државата може со закон да го ограничи нивното учество во процесите на носење одлуки поврзани со природата во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, денеска во Собранието се расправа за амандман на Законот за заштита на природата, предложен од десничарската Словенечка национална партија (СНС), кој предвидува заострување на условите по кој невладиниот сектор и еколошките здруженија ќе можат да учествуваат во креирањето на законите.

– Тоа е војна против зачувувањето на природата во Словенија. Доколку амандманиот се прифати, природата во земјата ќе биде ставена на продажба, предупредуваат насобраните на протестот.

Коронавирус