среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 34
home Регион

Словенечки општини почнаа да добиваат бесплатни заштитни маски

Словенечки општини почнаа да добиваат бесплатни заштитни маски

Некои словенечки општини почнаа на своите жители да им делат бесплатни заштитни маски со цел намалување на ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Општините Ленарт, Старше, Подчертек се првите кои почнаа на овој начин да им помагаат да луѓето со цел соодветно да се заштитат, а има најави и од други градоначалници дека ќе го следат нивниот пример.

Во дел од овие општини се наоѓааат производствени капацитети каде се шијат маските, некои сами ги направиле, а локалните власти во Подчертек ги купиле за своите жители.

Градоначалникот на Ленарт Јанез Крамберг, изјави дека преку припадниците на цивилната заштита поделиле повеќе од 3000 маски кои можат да се перат и повторно да се употребуваат.

Коронавирус