петок, 23. јули 2021. Вести денес: 164
home Регион

Словенците од утре ќе избираат со која вакцина да се имунизираат

Словенците од утре ќе избираат со која вакцина да се имунизираат

Словенците од утре ќе можат да изберат со која вакцина против Ковид-19 ќе се вакцинираат.

– Имаме доволно вакцини и веќе од понеделник, ќе може да се избира вакцина, изјави синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша во говорот на конгресот на неговата Словенечка демократска партија (СДС).

– Клучната цел е да се постигне таква стапка на вакцинација што ќе обезбеди имунитет и нормален живот не само во лето, туку и во есен, рече Јанша, повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.

Во Словенија, се користат вакцините на Модерна и Фајзер, како и Астра Зенека и Џонсон и Џонсон.

Според официјалните податоци, 28,2 проценти од населението во Словенија досега биле вакцинирани со дозите потребни за целосна имунизација, а 797.861 само со прва доза

Коронавирус