недела, 16. декември 2018. Вести денес: 33
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Регион

Слатка сте, Дамира: Хрватскиот премиер со непримерен одговор на прашање на новинарка го шокираше регионот (ВИДЕО)

Слатка сте, Дамира: Хрватскиот премиер со непримерен одговор на прашање на новинарка го шокираше регионот (ВИДЕО)

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, вчера по состанокот во неговата партија ХДЗ, на кој се расправало за големат афера на неговиот заменик, крајно непримерно одговори на прашањето на новинарката на хрватски РТЛ, Дамира Грегорет.

Имено, откако врвот на ХДЗ го потресе уште една афера, вчера на таа тема врвот на партијата одржа состанок на чело со претседателот Андреј Пленковиќ

По состанокот Пленковиќ излезе со насобраните новинари и одговараше на поставените прашања.

Видно нервозен поради прашањата кои му се поставуваат, шефот на ХДЗ во еден момент крајно непримерно и одговори на новинарката на РТЛ, Дамира Грегорет.

После прашања за премиерот на Хрватска за фактот дека според полициските документи, неговиот заменик Васо Бркиќ, на криминалци им доставувал информации дека се под полициски надзор, Грегориќ го прашала Пленковиќ дали му е се тоа нормално, односно вообичаено, на што следеше неверојатен одговор од негова страна:

-Слатка сте, Дамира.

Таквиот “одговор“ на премиерот предизвика големи негодувања на социјалните мрежи, а дел од корисниците овој коментар на Пленковиќ го прогласи за сексистички.