четврток, 4. март 2021. Вести денес: 135
home Регион

Скандалозна изјава на Дуа Липа: Србите се фашисти кои го окупираа Косово

Скандалозна изјава на Дуа Липа: Србите се фашисти кои го окупираа Косово

Во интервјуто кое го даде за познатото списание „Roling Stone“, поп-ѕвездата се осврна и на политички теми, изјавувајќи дека нејзиното семејство морало да се пресели од Косово и Метохија по „српската окупација“.

Таа исто така, Србите ги нарече „фашисти“, изјавувајќи дека за време на војната на Косово и Метохија во 90-тите години, од нејзиниот дедо Сеит Липа, кој бил директор на Историскиот музеј во Приштина од 1990 до 1995 година, барале да ги фабрикува историските факти, а тој одбил, поради што се нашол на мета на тогашните српски власти.

„Дедо ми од страната на татко ми пишуваше книги за сè што се случуваше, откако се случи окупацијата, српските сили го замолија да ја препише историјата. Тој одби и ја изгуби работата“ – рече Липа.

Во најавата за интервјуто, Липа објави фотографија од својот дедо на својот Инстаграм профил, пишувајќи дека е горда на него.

„Нашиот неверојатен и бестрашен дедо. Тој толку напорно работеше за време на српскиот фашистички режим за да ја напише албанската историја, за да може светот да знае кои сме навистина“- рече поп – ѕвездата.

Британската пејачка е инаку позната како политички активист кој се залага за независно Косово. Во неколку наврати, таа во своите соопштенија посочи дека „Косово не е Србија“, а во една прилика отиде чекор подалеку, објавувајќи фотографија од мапа на Голема Албанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Коронавирус