понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 119
home Регион

Скандалозен Фејсбук профил „Дрога Србија“: Тинејџери објавуваат фотографии како се дрогираат на училиште

Скандалозен Фејсбук профил „Дрога Србија“: Тинејџери објавуваат фотографии како се дрогираат на училиште

Српската полиција и обвинителството се на трага на средношколците кои го формирале Фејсбук профилот „Дрога Србија“, на кој тинејџери постираат свои фотографии како се дрогираат за време на час или пред полициска станица.

Српската полиција побарала помош и од Интерпол, затоа што е констатирано дека администраторот се наоѓа некаде во странство. Администраторот веќе го затворил овој профил откако целата приказна излезе во јавност.

Но, српските деца веќе повикуваат да се префрлат приказните и фотографиите на друг профил, кој е формиран веднаш откако првиот е затворен.

Неименуван извор од полицијата, сепак верува дека зад овие профили и фотографии стојат препродавачи на дрога за да ги примамат своите потенцијални муштерии.

Коронавирус