недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Скандал во хрватската армија: Пилоти превезувале шверцер со оружје

Скандал во хрватската армија: Пилоти превезувале шверцер со оружје

Скандал избувна во хрватската армија откако тројца хрватски пилоти од Хрватското воено воздухопловство (ХВВ) од воената база во Земуник се под истрага на цивилната и воената полиција.

Пилотите превезувале шверцер со оружје со воен хеликоптер, а полицијата извршила претрес во нивните домови каде пронашла поголема количина воена муниција, јави Нова ТВ.

-Ова е изолиран случај, тоа не се случило досега во хрватските воздухопловни сили. Ние ќе продолжиме да преземаме мерки за да спречиме вакви случаи, изјави бригадниот генерал Мато Микиќ, командант на ХВВ.