вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 169
home Регион

Сите отидоа во Германија: Хрватска ќе увезува лекари и медицински сестри од Бангладеш

Сите отидоа во Германија: Хрватска ќе увезува лекари и медицински сестри од Бангладеш

Хрватска е подготвена да увезе работници од Бангладеш, објави амбасадата на таа држава во Хаг, по состанокот на амбасадорот на Бангладеш со хрватскиот заменик-министер за труд, Дражен Опелиќ.

Најавено е дека Хрватска наскоро ќе испрати нацрт-меморандум за разбирање во Бангладеш, документ кој го опишува договорот меѓу двете земји за оваа тема. По потпишувањето на меморандумот, ќе се започне со подготовките за „регрутирање на потребната работна сила од таа земја”.

Најавено е дека Хрватска сака да вработи лекари, медицински сестри, специјалисти за ИТ, туризам и градежни работници, а амбасадорот изрази уверување дека Бангладеш е способен да обезбеди квалификувана и неквалификувана работна сила за сите сектори. Од Министерството објаснија дека ја следат состојбата на пазарот на трудот „ за да одговорат на сите предизвици во поглед на побарувачката за работна сила”.