вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 195
home Регион

Синот на загинатиот возач на автобусот во кој загинаа 10 лица со емотивна порака се прости од својот татко (ФОТО)

Синот на загинатиот возач на автобусот во кој загинаа 10 лица со емотивна порака се прости од својот татко (ФОТО)

Во трагичната автобуска сообраќајна несреќа која што се случи вчера утрото во Хрватска животот го загубија 10 лица од Косово, меѓу кои и еден од возачите на автобусот Насер Сулметај.

Синот на загинатиот возач со емотивна објава се прости од својот татко:

-Ах бре татко, болката е голема, тој ден кога те испраќав на автобусот малку те прегрнав, почивај во мир, напиша во својата објава на Фејсбук синот на загинатиот возач.

Возачот на автобусот кој што ја предизвика несреќата во која загинаа 10 лица од Косово, а повредени беа 40 други е уапсен.

Според официјалните информации на надлежните во трагичната несреќа животот го загубија 10 лица, 15 се тешко повредени, а уште на 44 лица им била пружена медицинска помош.

Локални избори 2021