среда, 23. септември 2020. Вести денес: 165
home Регион

Синот на Хашим Тачи повреден во тешка сообраќајна несреќа

Синот на Хашим Тачи повреден во тешка сообраќајна несреќа

Ендрит Тачи, синот на косовскиот претседател Хашим Тачи, преживеал сообраќајна несреќа што се случи утрово.

Полицијата потврдила дека несреќата се случила утрово, а во неа биле вклучени три автомобили, пренесуваат медиумите.

-Денес во 05:25 часот на патот Приштина – Урошевац , на кружниот тек кај Јужната полициска станица, се случи несреќа во која учествуваа три возила. Едно лице е повредено во несреќата. Случајот го презема сообраќајната единица”, изјави портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети.

Според медиумите, Ендрит Тачи е во добра состојба и бил пуштен по интервенцијата во болницата во Приштина.

Коронавирус