понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Регион

Силно невреме во Србија, 15.000 удари од гром и молњи (ВИДЕО)

Силно невреме во Србија, 15.000 удари од гром и молњи (ВИДЕО)

Србија синоќа беше зафатена со силно невреме со дожд, град и грмотевици.

Регистрирани се повеќе од 15.000 удари од гром и молњи.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Танјуг потврди дека во целата држава ноќеска се испукани 829 ракети од осум радарски центри.

За три часа употребени се 10 отсто од целокупните ракети на годишно ниво.

Во Чачак, Ивањица и Лучаним околу 20 минути паѓаше град со големина на лешник.

Околните села претрпеа штета на овошките и посевите, пренесуваат локалните медиуми.

И територијата на Белград синоќа околу 19 часот и 40 минути беше зафатена со невреме, силен дожд, град и ветер, поради што на кратко беа прекинати фудбалските натпревари помеѓу Црвена Звезда и Напредок и Партизан и Пролетер. (МИА)