понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 48
home Регион

Силно невреме и во регионот: Поројните дождови и градот предизвикаа хаос во Словенија и Хрватска (ФОТО+ВИДЕО)

Силно невреме и во регионот: Поројните дождови и градот предизвикаа хаос во Словенија и Хрватска (ФОТО+ВИДЕО)

Покрај Скопје и Македонија, големо невреме вчера и завчера ги погоди делови од Словенија и Хрватска.

Ријека и околината во Хрватска ја погоди олујно невреме со град и силен ветер. На повеќе места имаше поплави, а во деловниот „Тауер центар“ водата пробила низ лифтовите и повторно донесе проблеми за оние кои таму работат.

Во Словенија имаше слични непогоди откако падна град.

Во околината на Чрномељ во Словенија град со величина на тениско топче направи голема штета посебно на авотмобилите.

Силно невреме вчера ја погоди и Македонија, невреме кое донеси големи проблеми, посебно во главниот град Скопје.