понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 127
home Регион

Силниот ветер ја урна новогодишната елка во Тирана (ВИДЕО)

Силниот ветер ја урна новогодишната елка во Тирана (ВИДЕО)

Силниот ветер, кој зафати повеќе делови во Албанија, ја урна новогодишната елка, која беше поставена во центарот на Тирана, на плоштадот Скендербег.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, изјави дека три лица се полесно повредени апелирајќи до граѓаните да бидат претпазливи и да избегнуваат излегување на улиците или да останат на места каде што постои опасност.

„Силен ветер во Тирана, ве молиме избегнувајте движење и престој на места каде има предмети или дрвја што го загрозуваат животот. Пријавете се за било каков проблем на бројот за итни случаи 112. Нашите вработени се на терен да им помагаат на секој граѓанин, напиша Велиај на Фејсбук.

Коронавирус