среда, 22. мај 2019. Вести денес: 4
home Регион

Силниот ветер буквално си поигруваше со авионот и со судбината на патниците при слетувањето на аеродромот во Тиват (ВИДЕО)

Силниот ветер буквално си поигруваше со авионот и со судбината на патниците при слетувањето на аеродромот во Тиват (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави снимка од авион во близина на аеродромот во Тиват, Црна Гора, со кој како што пренесуваат медиумите од регионот, силниот ветер буквално си поигрувал.

„Го снимив ова кај местото Радановиќ, во близина на Тиват. Ризичен обид за слетување на ATR. Летот беше пренасочен кон Подгорица“, се вели во описот на видеото.

Дека на патниците не им било лесно додека ветерот силно го занесувал авионот, се само некои од коментарите на социјалните мрежи, а од Аеродромот на Црна Гора за медиумите соопштија дека вчера дури четири авиони биле пренасочени од Тиват кон Подгорица, што е редовна процедура кога дува силен ветер.