вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 83
home Регион

Силен земјотрес во близина на грчки остров

Силен земјотрес во близина на грчки остров

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот јужно од грчкиот остров Крит.

Грчката национална опсерваторија соопшти дека епицентарот на потресот бил на морското дно јужно од градот Јерапетра.

Како што јави АНА-МПА, само пет минути по овој земјотрес, во истиот регион бил регистриран уште еден потрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер.

Коронавирус