вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 133
home Регион

Силен земјотрес од 5,7 степени во Грција

Силен земјотрес од 5,7 степени во Грција

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Грција, соопшти американскиот Геолошки завод.

Епицентарот бил на 60,8 километри југозападно од островот Кос во Егејското Море, каде живеат околу 19.000 луѓе, на длабочина од 11 километри.

Засега нема информации за повредени и евентуална материјална штета.

Коронавирус