среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 93
home Регион

Силен земјотрес: Денеска тресеше и во Грција

Силен земјотрес: Денеска тресеше и во Грција

Силен земјотрес со јачина од 4.6 степени по Рихтер денеска ја погоди Грција.

Според податоците од центарот за објавување и предупредување од земјотреси, потресот бил на длабочина од два километри во 317 километри од Атина.

Како што пренесуваат грчките медиуми, земјотресот траел околу 2 минути, а засега нема информации за материјални штети и повредени.