понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 20
home Регион

Силен ветер и пороен дожд во Грција

Силен ветер и пороен дожд во Грција

Силен ветер од над 100 км на час и над 100 милиметри дожд, регистрирала метеоролошките служби на грчката Националната опсерваторија во одредени делови на Грција во текот на вчерашниот ден, додека пак поради невремето на островите Скиатос, Скопелос и во општини во централниот дел на земјата е прогласена вонредна состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Невремето предизвика материјална штета и проблеми во повеќе делови на Грција, а најпогоден беше островот Скиатос со врнежи од дожд во траење од над 48 часа.

Проблеми и штета на патната мрежа и на домови и продавници има и на Халкидики, особено на Света гора, како и на островот Евија.

Според податоците од метеоролошките служби на грчката Националната опсерваторија најголема количина дожд е измрена на островот Скиатос, 163 милиметри, додека пак на островот Самотраки ветрот бил со брзина од 118 километри на час.

Коронавирус