вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Регион

Си ја продал 12-годишната ќерка во странство за 5.000 евра

Си ја продал 12-годишната ќерка во странство за 5.000 евра

Црногорската полиција денеска соопштила оти поднела кривична пријава против 40-годишник од Подгорица, поради сомнение дека извршил кривично дело тргување со луѓе, односно дека ја продал својата ќерка.

Постоеле сомнежи дека тој во 2017 година договорил и организирал превоз од Црна Гора за својата ќерка, која тогаш имала 12 години. Земјата во која заминала не се соопштува.

Осомничениот наводно земал 5.000 евра. Тој сега се наоѓал во затвор поради извршување на друго кривично дело.