вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 101
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ протестира со возила против ненародната власт предводена од СДСМ

home Регион

„Швалерите го шират коронавирусот“: Српски професор со шокантна изјава

„Швалерите го шират коронавирусот“: Српски професор со шокантна изјава

Горан Белојевиќ, професор на Медицинскиот факултет во Србија, по кој знае кој пат ја шокираше јавноста зборувајќи за коронавирусот. Овој пат, тој ги обвини швалерите за ширење на вирусот.

-На есен ќе има зголемување на бројот на лица заразени со вирусот корона. Дружењето и прељубата се најопасните фактори. Едно е тоа што никој не го спомнува, а тоа е седмата Божја заповед, „не врши прељуба“ – рече Белојевиќ.

Белојевиќ ги обвини измамниците вчера во утринската програма на ТВ Хепи, а на прашање од водителот Мариќ за тоа каква врска има прељубата со короната, тој истакна дека прељубата е темпирана бомба за ширење на коронавирусот и советува дека треба да се држите до вашиот партнер.

-Тука не станува збор за морал, туку за живот, рече д-р Белојевиќ и сликовито опиша:

– Човек кој има љубовница се чини дека е опасен како да носи бомби. Тоа е стопроцентно заразување затоа што луѓето се малку “пожешки“ во овие работи, додаде докторот.

Коронавирус