вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Што му одговори Колинда на Шешељ?

Што му одговори Колинда на Шешељ?

Газењето на хрватското знаме е израз на немоќ на предводникот на поразената злосторничка политика, што му донесе многу зло на хрватскиот народ, вклучувајќи ги и Хрватите во Војводина. Нему, и таквите како него, најголема казна им е постоењето на независна Хрватска и целосниот неуспех на проектот „Голема Србија’“, се вели во соопштението на кабинетот на претседателката, Колинда Грабар Китаровиќ.

Грабар Китаровиќ ја поздрави реакцијата на највисоките функционери во Србија и изрази надеж дека настанот нема да го расипе напредокот во односите помеѓу Србија и Хрватска, постигнат во последните неколку месеци.

Српската радикална партија претходно соопшти дека Воислав Шешељ во Собранието на Србија ја пцуел хрватската делегација и газел по нивното знаме.

Во соопштението се наведува дека Шешељ околу 12 часот влегол во зградата на Собранието на Србија, а со него бил и пратеникот Филип Стојановиќ.

„Кога на влезот во Собранието, го здогледал хрватското знаме, се затрчал, го фрлил на подот и се обидел да го искине, а потоа тој и Филип Стојановиќ го газеле знамето. Пет членови на обезбедувањето не биле во можност да им го одземат националниот симбол на Хрватите“- стои во соопштението.

Двајцата потоа влегле во предворјето, каде била делегацијата на Хрватска, при што Шешељ им упатил низа пцовки на присутните.

Шешељ е осуден од страна на Хашкиот трибунал на 10 години затвор, за злосторства против човештвото, извршени над Хрвати во селото Хртковци.

По инцидентот имаше осуда во двете земји.