среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 149
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Регион

Шолц идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан

Шолц идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија.

Шолц пред пратениците во Бундестагот потсети дека шест земји од Западен Балкан имаат аспирации за членство во ЕУ и тоа веќе се во повеќегодишен реформски процес.

– Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет. Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е и во наши стратешки интереси, рече Шолц укажувајќи на влијанието на „надворешни сили“ врз регионот, вклучително и Русија.(МИА)

Коронавирус