вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Регион

„Шќип“: Доколу има обид за одржување избори на 30 јуни, Мета ќе ја извади војската на улица

„Шќип“: Доколу има обид за одржување избори на 30 јуни, Мета ќе ја извади војската на улица

Албанскиот претседател Илир Мета на средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Тирана соопштил дека, како Врховен командант ќе ја извади армијата на улица доколку на 30 јуни има обид да се спроведат изборите, пренесува весникот „Шќип“.

Според истиот извор, образложението на Мета било дека добил информации од странски служби за обид за нереди, што како шеф на државата не може да го дозволи.

Средбата одржана вчера во Палатата на бригадите, која траела два часа, била посветена на политичката криза во земјата, посебно за одлуката на Мета за одложување на изборите.

Претседателот Мета денеска испратил писмо до амбасадорите во кое повторно ги наведува причините за одложување на изборите и додава дека „Албанците нема да гласаат на 30 јуни“.

Тој во писмото, исто така, оценува дека постапката за негово разрешување претставува државен удар.

Меѓу другото, тој ветил дека ќе се обиде да ги седне на маса премиерот и лидер на владејачките социјалсти, Еди Рама и лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша за да најде решение, и ако успее ќе побара од опозицијата да се откаже од протестот што треба да се одржи на 21 јуни.