четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 113
home Регион

Шестгодишно дете паднало во надојден поток, па по него скокнала и мајката

Шестгодишно дете паднало во надојден поток, па по него скокнала и мајката

На местото Бегов Хан во Босна и Херцеговина во попладневните часови, малолетно дете паднало во надојдениот поток, а потрагата по него се уште трае.

Имено 6- годишното дете било во близина на својата куќа кога случајно паднало во водата, каде водостојот е зголемен поради поројните дождови.

Според локалните медиуми мајката на детето веднаш скокнала по него за да го спаси, но залудно.

Со амбулантно возило мајката на детето е пренесена во болница, а специјални единици трагаат по детето.