сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Шешељ му се обрати на Вучиќ: Случајно преживеа во 99-та година, повторно ќе сакаат да те убијат

Шешељ му се обрати на Вучиќ: Случајно преживеа во 99-та година, повторно ќе сакаат да те убијат

Лидерот на СРС Војислав Шешељ го потсети претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека избегнал убиство во 1999 година сосема случајно и го предупредил да води сметка за себе, бидејќи и сега му се заканува истата опаснот.

Шешељ му се обрати на претседателот на Србија во Собранието на седницата на чиј дневен ред бил Извештајот за Косово кој на пратениците им го претставувал Александар Вучиќ.

-Случајно преживеа во 1999 година. Се сеќаваш дека требаше да гостуваш на РТС кога зградата беше бомбардирана. Случајно тоа го избегна. Повторно ќе сакаат да те убијат. Најмногу ти се закануваат со труење. Сериозен сум, води сметка за тоа рекол Шешељ.

И немој да зборуваш за повлекување. Лесно ќе се повлечеш ако доживееш фијаско. А труди се да не биде така – додал лидерот на СРС.

Коронавирус