среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 9
home Регион

Шеикот на Катар му подари скапоцен приватен авион на Ердоган

Шеикот на Катар му подари скапоцен приватен авион на Ердоган

Шеикот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани му подари авион „Боинг 747-8“ на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Се работи за еден од најскапите приватни авиони во светот, чија вредност се проценува на 367 милиони долари.

Леталото денеска беше испорачано на аеродром во Истанбул. Боингот може да пренесе 76 патници и 18 членови на екипажот, а содржи и професионални сали за состаноци, како и мала болница.

До неодамна авионот се користел за превоз на членови на кралското семејство на Катар.

Анкара и Дпха негуваат исклучително блиски партнерски односи и заеднички настапуваат во политичките превирања на Блискиот Исток, а Катар и помогна на Турција и при неодамнешната монетарна криза.