понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Шеху: Во Албанија треба да се прават по 2.500 тестови дневно и итно да се обезбеди вакцина

Шеху: Во Албанија треба да се прават по 2.500 тестови дневно и итно да се обезбеди вакцина

Поранешниот албански министер за здравство, познат лекар анестезиолог-реаниматор и универзитетски професор, Тритан Шеху, изјави дека Владата треба да ги следи советите на Светската здравствена организација за зголемување на бројот на тестирањата.

Според него во земјата треба да се прават најмалку 2.500 бесплатни тестови на ден користејќи ги сите лаборатории во земјата.

-Владата треба да го спроведе главниот совет на СЗО, а тоа е тестирањето. Нашата земја мора да прави најмалку 2.500 тестови на ден бесплатно. Сметам дека е позитивно што после четири месеци владата ја укина блокадата врз лабораториите. Да се дозволи тестирање во приватните лаборатории е многу задоцнета одлука, зашто тоа требаше да се дозволи во сите овие изминати месеци, што доведе до катастофална епидемилкошка состојба. Јас велам дека треба да се користат сите лаборатории, приватни и јавни, изјави Шеху за Ора њуз телевизија.

Тој додаде дека тестовите кои се прават заради документација, односно патување во други земји не треба да бидат бесплатни.

Албанија, смета тој, мора што побрзо да ја обезбеди вакцината и оти треба да се вакцинира најмалку 80 осто од населението.

-На најмалку 80 отсто од населението треба да се спроведе имунизација. Не гледам подготовка. Количината на вакцини треба да се купат или да се обезбеди гратис што е можно поскоро кога ќе се појави на пазарот, а наслението да биде вакцинирано бесплатно. Ние секогаш преземаме контроверзни мерки, па токму затоа денес сме полошо од март. Здравствениот систем кај нас е во многу тешка состојба, оценува Шеху.

Според него, Албанија и понатаму е последна земја во Европа по бројот на направени тестови на дневна основа.

Вчера во земјата забележан беше нов негативен рекорд на новозаразени во едно деноноќие, односно 158 лица. Од почетокот на март до вчера се направени 52.724 тестови, позитивни на вирусот биле 7.812, закрепнале 3.928 а починале 234 пациенти. Активни на болеста се 3.650.

Коронавирус