среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 133
home Регион

Шефот на Телеком на Косово: Платата ми е 5.180 евра, се срамам поради тоа

Шефот на Телеком на Косово: Платата ми е 5.180 евра, се срамам поради тоа

Извршниот директор на јавното телекомуникациско претпријатие Телеком на Косово, Бедри Истрефи вели дека се чувствува засрамен поради неговата месечна плата од 5.180 и побарал таа да му се намали, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за ТВ Дукаѓини Истрефи рече дека барањето за намалување на платата го поднел еден месец по преземањето на задачата во јануари минатата година, но оти тој самиот не може да го стори тоа.

– Видете, мојата плата изнесува 5.180 евра. И на претходниот управен одбор поднесов писмено барање за намалување на платите, еден месец откако ја презедов функцијата. Се чувствувам засрамен во каква ситуација раководам, а имам една таква плата. Немам право себеси да си ја намалам платата. Оваа плата која ја имам денес јас ја затекнав во Телеком, изјави Истрефи.

Коронавирус