петок, 5. август 2022. Вести денес: 185
home Регион

Шефот на грчката разузнавачка служба поднесе оставка поради шпионски скандал

Шефот на грчката разузнавачка служба поднесе оставка поради шпионски скандал

Двајца високи функционери на грчката влада денеска поднесоа оставки поради зголемениот притисок врз администрацијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис поради шпионскиот скандал во кој беше прислушуван телефонот на еден лидер на опозицијата, пренесува порталот Политико.

Генералниот секретар на Владата Григорис Димитријадис, главен соработник и внук на Мицотакис, поднесе оставка, а потоа следеше оставката и на шефот на грчката Национална разузнавачка служба (ЕИП), Панајотис Контолеон, откако беше обвинет за „несоодветни постапки“ од Кабинетот на премиерот.

Двојната оставка уследи по откритијата за обид за хакирање на мобилниот телефон на пратеникот Никос Андролакис со шпионски софтвер наречен „Предатор“.

Андрулакис е лидер на третата по големина партија во грчкиот парламент, Пасок, додека Мицотакис потекнува од десноцентристичката партија Нова демократија, наведува Политико.

Коронавирус