петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 79
home Регион

Шарл Мишел во посета на Белград

Шарл Мишел во посета на Белград

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска пристигнува во Белград, каде ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Мишел ќе го посети Научно-технолошкиот парк со Вучиќ и со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, каде ќе присуствува на потпишувањето на заедничкиот проект за поддршка на истражувањето, иновациите и претприемништвото во Србија. Проектот е финансиран од ЕУ која на Србија ќе и донира 41,5 милиони евра и Светска банка која ќе позајми 43 милиони евра. Мишел потоа ќе се сретне со Вучиќ. Тој од Белград ќе отпатува за Босна и Херцеговина, а потоа за Албанија.

Пред посетата на регионот, Мишел нагласи дека процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан треба да биде поефикасен и подинамичен и оцени дека „решението може да лежи во прогресивна и постепена интеграција, веќе во текот на пристапниот процес“.

Коронавирус